Скопје | 11.11.2025
Посета од Г-динот Михаел Преис
На 11 ноември 2025 год. имамвме чест да не посети Г-динот Михаел Преис Секретар на Ротари Клубот од Саранак Лејк, Њујорк.
За време на посетата на Р.Македонија, Г-динот Михаел Преис беше во посета на нашиот клуб и присуствуваше на нашиот редовен клубски состанок.
Еве што ни напиша тој ден после состанокот: „Ви благодарам за гостопримството на вчерашниот состанок. Уживав во средбата со сите и во гледањето како работи вашиот клуб.
Јас сум од Ротари клубот од Саранак Лејк, Њујорк. Езерото Саранак се наоѓа на околу 8 милји од Лејк Плесид, кое беше домаќин на Зимските олимписки игри во 1932 и 1980 година. Се наоѓаме во средината на планините Адирондак, на околу 5 часа возење од Њујорк, но само околу 1 1/2 часа од Монтреал, Канада. Клубот има околу 30 членови и ќе ја прослави својата 100-годишнина на 14 април 2026 година; ве поканувам сите да дојдете да ни помогнете да прославиме! Се приклучив на Ротари во Анкориџ, Алјаска, на 1 декември 1975 година, па за помалку од еден месец ќе наполнам 50 години член. За мене е чест што сум бил поврзан со толку истакната и посветена група луѓе толку долго време. Се пензионирав пред околу 13 години како професор по маркетинг на Универзитетот во Илиноис во Урбана-Шампејн. Ова е моето прво патување во Македонија и уживам во можноста да ја доживеам вашата прекрасна земја.“
Разменивме мислења, идеи и искуства и срдечно му се заблагодаривме за неговата ненадејна посета која многу пријатно не изненади сите нас.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 25.03.2025
Посета од Г-динот Мирослав Штравс
На 25 Март 2025 год. имамвме чест да не посети Г-динот Мирослав Штравс Гувернерот на Дистриктот 1912 за Ротирајанската 2024/2025 година
За време на посетата на Р.Македонија, Гувернерот на Дистриктот 1912 , Г-динот Мирослав Штравс беше во посета на нашиот клуб. Средбата беше одржана на 25 Март 2025 во просториите на Хотел Лимак. Членовите на Клубот накратко се представија лично, а на гостинот му беа презентирани тековните како и планираните активности на Клубот. Г-дин Штравс ги сподели неговите искуства и предлози за успоешно водење и функционирање на Клубот. Во таа прилика Претседателот на нашиот клуб Г-дин Иван Ралев разменети знаменца – традиционалното обележје на Клубот и Дистриктот 1912.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Амстердам | 17.11.2023
Посета на РК Амстердам Интернационал
Во рамките на својата посета на Холандија, во Амстердам на 17 ноември 2023 година, претседателот на Рорари Клуб Скопје Интернационал Г-дин Александар Стамболиев го посети Ротари Клуб Амстердам Интернационал и размени искуства со членовите на клубот. Во име на успешна средба и план за понатамошна соработка традиционално разменија и клупски знаменца.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 19.09.2023
Посета од Гувернерот Г-дин Андреј Божич
Остварена редовна посета од страна на Гувернерот на дистрикт 1912, г. Андреј Божич во ротаријанската година 2023/2024, заедно со координаторот на Сојузот на Ротари клубови во РС Македонија г. Горан Митевски во истиот мандат. На состанокот се претстави програмата на Гувернерот и на Ротари Клубот Скопје Интернационал, а присутните членови имаа можност да дискутираат за тековните можности и предизвици на ротаријанството во Словенија и Македонија.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 04.03.2023
Посета од РК Врање Бора Станковиќ
На 04 Март 2023 година, членови на Ротари клубот Врање Бора Станковиќ, предводени од претседателот на клубот г-дин Милош Младеновиќ, нè посетија во Скопје во Хотел Лимак. На средбата ни се преставија членовите и ни го презентираа планот на активности за наредниот период. Исто така разменивме идеи, мислења и искуства и разговаравме за можностите за понатамошна соработка.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 22.11.2022
Посета од Гувернерот Г-динот Раде Христовски
На 11 Ноември 2022 год. имамвме чест да не посети Г-динот Раде Христовски Гувернерот на Дистриктот 1912 за Ротирајанската 2022/2023 година. Посетата беше реализирана во рамките на одбележувањето на „Денот на отворени врати на Ротари“. Во таа пригода Претседателката на клубот Г-ѓа Евита Иванова размени знаменца – традиционалното обележје на Клубот со Гувернерот Г-дин Раде Христовски и обележјето на Дистриктот на темата „Замислете го Ротари“.“
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Не пипај тука ми е кодот!