Неда Здравева е редовна професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во областа на граѓанското право. Таа е директорка на Центарот на Мрежата на правни факултети од Југоисточна Европа (SEELS) и претседателка на Управниот одбор на Хелсиншкиот комитет за човекови права.
Во својата професионална работа Неда Здравева е силно посветена на унапредување на правното образование, развојот на правната наука и поддршката на правните практичари. Застапува принципи на почитување и заштита на човековите права за сите граѓанки и граѓани, со особен фокус на маргинализираните групи и поединци.
Во Ротари клубот Скопје Интернационал е од неговото основање. Ротари за Неда претставува можност со своето знаење и ангажман да придонесе кон создавање заедници изградени врз меѓусебна почит, разбирање и поддршка.
Сопственик и генерален директор на Smart Solutions повеќе од 30 години (фирмата е основана 1995 год.). Компанијата нуди испорака на комплетни ИТ решенија: информатички консултантски услуги, изведба на комплетни хардверско- софтверски решенија, развој на апликативни софтверски решенија и одржување на комплетни ИТ системи. Соработува со врвни софтверски и хардверски компании, лидери на светско ниво. Неговото искуство опфаќа менаџмент на ИТ проекти реализирани и поддржани од УСАИД, ЕУ и од ОН, од странски амбасади и меѓународни организации, домашни мали, средни и големи претпријатија, владини и образовни организации и институции. Има поминато дополнителни обуки од областите на генерален менаџмент, финансиски менаџмент, менаџмент на продажба и маркетинг, проектен менаџмент и менаџмент на човечки ресурси.
Проф. д-р Атанас Кочов е редовен професор на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и меѓународен експерт за иновации, зелена индустријализација и одржлив развој.
Со повеќе од три децении академско и професионално искуство, активно придонесува во подготовката и реализацијата на меѓународни проекти, поврзувајќи ги науката, индустријата и институциите во насока на создавање одржливи решенија и подобар квалитет на живот.
Верува дека знаењето има вистинска вредност само кога се споделува и се претвора во конкретна корист за заедницата. Воден од принципите на интегритет, професионалност и служба, посветено работи на развој на младите, јакнење на меѓународната соработка и поттикнување на иновации кои создаваат долгорочно позитивно влијание врз општеството.
Неговата лична и професионална мисија е преку лидерство, соработка и несебично споделување на знаење да придонесува за посилни заедници и подобра иднина за следните генерации.
Г-дин Петар Рибарски има повеќе од 20 години лидерско искуство во мултинационални корпорации и е препознаен по успешно водење на комерцијален развој во динамични и променливи пазари. Неговата експертиза опфаќа управување со биланс на успех (P&L), стратешка експанзија на маркетингот и бизнис трансформација, овозможувајќи им на компаниите да ја оптимизираат својата работа и да го забрзаат растот. Познат како одличен комуникатор, тој применува холистички пристап што обезбедува стратегиите да се спроведуваат со прецизност и ефект.
Tатјана Поповски Булоски е основач и управувачки партнер на Адвокатско друштво „Поповски и Партнери“ со седиште во Скопје.
Со повеќе од дваесет години искуство во правниот сектор, таа е правен експерт со широк опсег на професионален ангажман и специјализација.
Во 2025 година, Татјана е именувана за потпретседател на Постојаниот арбитражен суд при Стопанската комора на Северна Македонија и членка на Arbitral Woman.
Во својата пракса, таа се занимава со комплексни правни области како што се корпоративно право, банкарство и финансии, трговско право, право на конкуренција и решавање на спорови.
Игор Новевски е сопственик и управител на Simtech Solution. Во Ротари Клуб Скопје Интернационал извршувал повеќе раководни функции, вклучувајќи благајник, секретар и претседател за ротаријанската 2025/2026 година. Како благајник и секретар активно придонесувал кон организациското и финансиското зајакнување на клубот, а како претседател работел на унапредување на меѓународната соработка, членството и проектите во служба на заедницата.
Претходно има повеќе од 15 години професионално искуство во интернационална компанија, каде стекнал значајно знаење во областа на енергетиката, индустриската автоматизација, дигитализацијата и бизнис развојот.
Г-дин Александар Стамболиев работи на поттикнување на интердисциплинарни промени и прифаќање на иновативни пристапи во бизнисот, управување со знаење и градење капацитети. Со повеќе од 25 години искуство во областа на креирање бизниси и образование, тој е извршен директор и ко-основач на Бизнис акцелератор УКИМ, посветен на мисијата да им обезбеди поддршка на технолошки стартапи за да се прошират на глобално ниво. Како Координатор на Хабот на Европскиот институт за иновација и технологија (ЕИТ), Александар ги води напорите за поттикнување на економската кохезија и забрзување на растот во РС Македонија.
Евита Иванова е вработена во Македонска берза АД Скопје од нејзиното основање во 1996 година. Во 2007 година е назначена за Советник на Управата на Берзата, а во 2012 година е избрана за Извршен директор и извршен член на Одборот на директори. Моментално е на позицијата Советник за деловна поддршка.
Во текот на својата професионална кариера, Евита била дел од тимот за имплементација на електронскиот систем за тргување на Македонската берза, како и тим-лидер на проектот за воспоставување на нејзиниот Тренинг центар.
Нејзиното долгогодишно искуство и знаење во областа на финансиските пазари и берзанското работење го споделувала и како гостин-предавач на Економскиот и Правниот факултет при УКИМ – Скопје, Универзитетот Американ Колеџ – Скопје, како и на други високообразовни институции во земјата.
Желбата да биде иницијатор на позитивни промени и, преку своето знаење, искуство и личен ангажман, да придонесува и да им помага на другите, била еден од клучните мотиви Евита да стане дел од ротари-заедницата — заедница на која, како што вели, е особено горда што ѝ припаѓа.
Ангелка е една од водечките во областа на односите со јавноста и управувањето со комуникациите во Северна Македонија и инсистира на високо ниво на етика, професионализам и посветеност во својата професија и пошироката област на работа.
Професионален профил – Обемно искуство во областа на корпоративните, институционалните и политичките комуникации, работејќи за некои од најуспешните меѓународни и домашни компании, институции и организации и дизајнирајќи и спроведувајќи политички кампањи во земјата и регионот. Таа има и огромно политичко искуство.
Политички профил – Прва генерација политичари кои ја развиваат либералната идеја во земјата – почнувајќи од 1990 до 2006 година, кога ги замрзна своите политички активности. Беше претседател на Либералната младина (1992-1997), потпретседател на Либерално-демократите (1997-2006), избрана за член на Градскиот совет на Градот Скопјe (1996-2000). Пратеник во Собранието на Република Македонија (2002-2006).
Бизнис профил – Професионална политичарка во раната кариера, а подоцна и претприемачка, ко-креирајќи, ко-основајќи, развивајќи и координирајќи неколку успешни компании во земјата и регионот - сите од нив во сегментот на комуникациите, опфаќајќи: управување со комуникации, односи со јавноста, мониторинг и анализа на медиуми, рекламирање, продукција, истражување, комуникација под линијата. Таа е визионер во креирањето нови бизнис приказни со успешно портфолио на пазарите.
Академски профил и филантропија – Ангелка е предавач по односи со јавноста на Универзитетот Американ колеџ во Скопје, докторски кандидат и основач на Движењето за поддршка на млади креативци „Браво сине!“, кое поддржало и имплементирало повеќе од 50 хуманитарни проекти. Избрана е за Ротаријанец на годината во 2019 година за нејзиниот придонес во истата област.
Најпредизвикувачкиот животен проект се нејзините деца – Вера и Ведран.
Често е поканета да зборува на разни јавни настани, панели и дебати.
Проф. д-р Аспазија Софијанова е редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и началник на Одделот за интензивна нега на Универзитетската клиника за детски болести.
Има повеќе од три децении професионално искуство во педијатријата и терцијарната здравствена заштита на деца.
Дипломирала на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје, а во 1997 година ја завршила специјализацијата по педијатрија.
Во 2004 година се стекнала со степен магистер по медицински науки, а во 2012 година докторирала на Медицинскиот факултет при УКИМ.
Во периодот 2022–2024 година завршила двегодишна супспецијализација по детска неврологија.
Стручно се усовршувала во Турција, Велика Британија, Австралија, САД, Словенија, Словачка и Израел.
Нејзината експертиза опфаќа педијатриска интензивна нега, неонатологија, детска неврологија и невромускулни заболувања.
Има долгогодишно искуство во третман на критично болни новороденчиња и деца.
Поседува значајно искуство во интубација, механичка вентилација, примена на сурфактант и транспорт на критично болни пациенти.
Од 2025 година е редовен професор и активно учествува во наставата и едукацијата на студенти и специјализанти.
Претходно напредувала низ академските звања асистент, доцент и вонреден професор.
Во два мандата ја извршувала функцијата директор на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
Од 2015 година е претседател на Здружението на педијатри на Македонија.
Во 2014 година била национален координатор за трансплантација.
Активно учествува во клинички испитувања и научноистражувачки проекти од областа на педијатријата и детската неврологија.
Предава повеќе предмети на студенти по медицина, стоматологија и здравствени студии.
Особено е посветена на дијагностика и лекување на спинална мускулна атрофија (SMA) и Душенова мускулна дистрофија (DMD).
Има развиени организациски, менаџерски и лидерски способности стекнати преку раководење со здравствени институции и научни проекти.
Активно учествува на меѓународни конгреси, симпозиуми и стручни обуки како предавач и учесник.
Со своето богато клиничко, научно и наставно искуство претставува еден од водечките експерти во областа на педијатријата, интензивната нега, неонатологијата и детската неврологија во Република Северна Македонија.
Надица Јовановска Бошковска има повеќе од 20 години професионално искуство во областа на реосигурувањето, управувањето со ризици од природни катастрофи и развојот на финансиски решенија за јавниот сектор. Доктор е по економски науки и Главен проектен директор во Швајцарската Реосигурителна компанија EUROPA Re, каде раководи со меѓународни проекти финансирани од Светска банка, KfW, BMZ, UNDP, FAO и други меѓународни организации. Нејзината експертиза опфаќа развој на иновативни осигурителни решенија, стратешко управување со проекти, координација со влади и меѓународни партнери, како и јакнење на финансиската отпорност кон климатските и природните ризици. Воедно е и вонреден професор на Катедрата за маркетинг при Универзитетот Американ Колеџ Скопје (UACS), каде предава предмети од областа на маркетингот.
Ира Бабиќ е основач и директор на Brand Union, маркетинг агенција основана во 2012 година, со 25 години професионално искуство во маркетингот и комуникациите. Членка е на Rotary Club Skopje International од 2019 година, каде што била ангажирана како секретар на клубот и придонесувала во PR и маркетинг активностите на клубските проекти. Во текот на својата професионална кариера, повеќе години била ангажирана и како универзитетски предавач по маркетинг и комуникации. Нејзините интереси се креативните индустрии, културните проекти и иницијативите што придонесуваат за позитивни промени во заедницата.
Иван Ралев е Управител на Компанија која делува во сверата на градежништвото и рударството. Со повеќе од 30 години искуство во овој сектор, безброј реализирани проекти, секојдневно на новите предизвици им пристапува со истиот ентузијазам и енергија. Насочен е кон развој на компанијата, имплементирање на нови технологии а особено во фокусот го има факторот на негување на добри меѓучовечки односи како во Компанијата така и меѓу Клиентите. Семеен човек, пасиниран зависник од адреналин и вљубеник во спортови како падобранство и едрење.
Со повеќе од 25 години искуство во областите на човекови права, пристап до правда, демократско управување, мултилатерална дипломатија и управување со конфликти, д-р Пенелопа Ѓурчилова се истакнува како водечки авторитет во меѓународниот развој и правните реформи. Позната по својата способност да поттикне значајно влијание и одржливо подобрување, таа изгради обемна евиденција на висококвалитетни задачи, проницлива анализа и постојано задоволни клиенти низ различни региони, вклучувајќи ја Европа, Пацификот и Југоисточна Азија.
Експертизата на д-р Пенелопа ги поврзува политиките, правото, стратешкиот менаџмент и мултилатералната дипломатија (12 години), поткрепено со длабоко секторско знаење за родовата еднаквост, човековите права, реформите во правниот и безбедносниот сектор, технологијата и управувањето со животната средина. Како барана консултантка и менаџерка, таа предводеше сложени стратегии за координација и имплементација за мултилатерални агенции и влади, испорачувајќи трансформативни резултати во предизвикувачки средини.
Нејзината сегашна улога како клучен советник на Програмата за партнерство на ЕУ и Папуа Нова Гвинеја за добро управување во Папуа Нова Гвинеја, вредна 12,9 милиони евра, е пример за нејзината посветеност на унапредување на Целите за одржлив развој на ОН. Во текот на изминатите дванаесет години, таа водеше големи иницијативи за развој низ Лаос, Виетнам, Маршалските Острови, Микронезија, Соломоновите Острови и Папуа Нова Гвинеја, советувајќи за правни и политички реформи, управување и социјална инклузија, и обликувајќи политики и практични механизми за подобрување на управувањето и правната сигурност.
Д-р Пенелопа е призната за нејзината дипломатска вештини, градење односи и застапување на високо ниво, особено со влади во динамични и предизвикувачки контексти. Како членка на Меѓународната алијанса на консултанти (ICA) од 2017 година, таа е ценета како врвен меѓународен експерт. Нејзините комуникациски предности се надополнуваат со нејзиното повеќејазично познавање, течно зборување на англиски, македонски, српско-хрватски, италијански, француски (DELF/DALF сертификат, 2021) и со работно познавање на шпански јазик.
Таа држи предавања за меѓународно право, Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, човековите права, GEDSI и UN Women, Агендата за мир и безбедност, и носи богатство од знаења во јавната администрација, решавањето конфликти, управување и стратегии. Подеднакво вешта во самостојно работење или во рамките на разновидни тимови, д-р Пенелопа се истакнува во развојот на бизнисот и јавното говорење, поткрепено со напредно познавање на голем број online алатки и социјалните медиуми.
Др.Пенелопа има завршено докторски студии по право и Заедничка Надворешна и Безбедносна Политика на Европската Унија, на Европскиот Универзитетски Институт во Фиренца, Италија; има завршено две магистратури, една по меѓународно право и човекови права како Фулбрајтов Стипендист на Правниот Факултет на Универзитетот на државата Конеткикат, САД и втората, по јавна администрација на Кенедиевата Школа за Влада, на Харвард Универзитеот во Кембриџ, САД, како и завршени студии за меѓународна политика и дипломатија на Американскиот Колеџ во Швајцарија и завршен Правен факултет на Универзитеот Кирил и Методиј во Скопје, РС Македонија.
Душан Марковиќ е стратег за корпоративен маркетинг и односи со јавноста, со богато искуство во корпоративното работење и соработката со клучните деловни партнери. Раководел со бројни иницијативи насочени кон зајакнување на позицијата на брендот и промовирање на општествената одговорност на компаниите. Познат по своите лидерски квалитети и регионалното познавање на пазарот, успешно гради партнерства низ различни пазари и остварува одржливи резултати. Како член на Ротари, цврсто се придржува до начелото „Service above self", поддржувајќи иницијативи кои придонесуваат за развој на заедницата и создавање траен позитивен ефект.
По долгогодишно искуство стекнато во Македонски Телеком АД, од каде заминува како Раководител на Сектор, во 2006 година основа сопстена фирма која успешно ја менаџира и управува сеуште. Професионално истакнат во полето на електрониката и телекомуникациите ја развива фирмата етаблирајќи ја до врвот на нашиот пазар, при што фокусирајќи се единствено на поправката на професионална опрема во гранките како телекомуникации, индустрија, медицина и друго, успева да привлече клиенти од Европа па дури од Тајван.
Пред се професионален, исполнителен, вреден и со огромна почит кон луѓето, ги негува добрите меѓучовечки односи што впрочем го прави и во Ротари клубот, залагајќи се за подобрување на заедницата вложувајќи го целото свое знаење и искуство.
Слободното време ужива да го поминува дружејќи се со огромниот број на другари и пријатели, но нај драги му се моментите кога се дружи со синот Предраг
Снежана Лупевска-Созен е македонска новинарка, уредничка и медиумска менаџерка со повеќедецениско искуство во телевизиското новинарство. Таа е позната како авторка и продуцентка на истражувачката емисија „КОД“, која се занимава со истражувачко новинарство и обработува теми поврзани со корупција, криминал и јавен интерес веќе дваесет години .
Во текот на кариерата работела во повеќе македонски телевизии, меѓу кои и ТВ А1, Канал 5 и Телма. Во 2021 година стана директорка и главна уредничка на Телма ТВ, а и денес е директорка на телевизијата.
Таа е добитничка на повеќе награди за истражувачко новинарство, меѓу кои награди од новинарски организации и признанија за истражувачки стории и серијали од домашни институции амбасадата на ЕУ и САД .
Д-р Емилија Бајрактарова Ваљакова е редовен професор на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и специјалист од областа на Стоматолошката протетика при Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје. Актуелен раководител е на студиската програма за стручни забни техничари, а била и координатор на втор циклус на студии.
Нејзината наставно-научна и истражувачка дејност опфаќа изготвување и спроведување на наставни програми по предмети од областа на стоматолошката протетика, ментор е на дипломски, стручни, магистерски и докторски трудови, носител или учесник е на проекти, автор или коавтор е на стручно-научни публикации, учебници и монографии, со цитираност на нејзините авторски трудови во над 1000 објавени труда.
Професионално се надградила на Стоматолошкиот факултет во Амстердам (ACTA) и Стоматолошкиот факултет при Католичкиот Универзитет во Лувен, Белгија, каде реализирала дел од својата докторска дисертација.
Нејзината експертиза опфаќа протетичка рехабилитација на пациенти со синдром од сите возрасти и дентални материјали. Проф. Бајрактарова Ваљакова е вештак ангажирана од Министерството за правда на Република Македонија.
Горда мајка е на Григориј и Ана.
Желбата за свој придонес во позитивните промени во општеството и особено помагањето на лица од ранливите категории беа мотив за зачленување во Ротари заедницата.
Доктор на науки во областа на стратегиското управување со човечки капитал во мултинационални корпорации.
Долгогодишно работно искуство во меѓународниот бизнис сектор, стартување на проекти во фаза на „green field “ (странски директни инвестиции од автомобилската индустрија), со посебна експертиза во областа на управувањето со човечкиот капитал, корпоративна општествена одговорност, како и безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина. Учесник, панелист и предавач на повеќе проекти од областа на менаџмент со човечки ресурси, во земјата и во странство.