Сајбер сигурност
Скопје | Наскоро!
cybersigurnost.mk
2023
Откријте го пред да ве „собори“
Отворен ден на Ротари Клуб Скопје Интернационал
Во рамките на Во рамките на проектот „Ментално здравје“ во хотелот Лимак на 30 мај 2023 година, Ротари клубот Скопје Интернационал беше домаќин на настан на кој со предавање на тема: „Откријте го пред да ве собори“ своја презентација имаше реноминираниот неврологот и научен соработник Д-р Бојан Бошковски и Ана Карајанова Димитрушева, претседателка на Националното здружение за мултиплекс склероза.
Со овој настан Ротари Клуб Скопје Интернационал го одбележа Меѓународниот ден на мултиплекс склероза.
Голема благодарност до сите присутни од Ротари клубот Скопје Интернационал, како и до сите останати од Ротари заедницата кои допринесоа со своето активно учество во дискусијата.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Ментално здравје
Скопје | 26.02.2025
Иницирај промена. Креирај гласно!
2025
Иницирај промена. Креирај гласно!
Донаторска вечер на Ротари Клуб Скопје Интернационал
Во рамките на проектот „Ментално здравје“ во хотелот Лимак на 26 февруари 2025 година, преку донаторска вечер беше официјално означен почетокот на проектот „Иницирај промени: Креирај гласно!“
На овој проект Ротари Клубот Скопје Интернационал и Здружението за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствени права БИДИ ЧОВЕК заедно ќе работат во насока на подигнување на свеста за менталното здравје кај тинејџерите.
Овој проект е повеќе од иницијатива – тој е движење кое ги охрабрува младите да зборуваат отворено, да бараат поддршка и да превземат чекори за своето ментално здравје. Заедно создаваме безбеден простор каде што можат да растат, да споделуваат и да бидат тука еден за друг низ сите животни предизвици.
Голема благодарност за поддршката од Асоцијацијата на Ротари клубови на Македонија и Ротари клубовите кои присуствуваа на настанот и ја поддржаа оваа иницијатива.
Заедно можеме да ја направиме промената возможна, да зборуваме гласно и да покажеме дека менталното здравје е приоритет! Ајде заеднички да иницираме промени!
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 07.11.2023
Машко ментално здравје и надминување на стигмата
2023
Машко ментално здравје и надминување на стигмата
Отворен ден на Ротари Клуб Скопје Интернационал
Во рамките на проектот „Ментално здравје“ во хотелот Лимак на 07 ноември 2023 година, Ротари клубот Скопје Интернационал беше домаќин на настан на кој Проф. Д-р Ана Фрицханд од Ротари клубот Скопје Запад, реномиран психолог со долгогодишно искуство, одржа стручно предавање кое не само што посочи реални проблеми, туку и нè „опреми“ со вредни алатки за подобрување на менталното здравје кај мажите. Предавањето ја истакна тивката борба со која се соочуваат многу мажи поради длабоко вкоренетите стереотипи за традиционалните родови улоги.
Пораката беше јасна: силата не е во тишината, туку во храброста да се побара помош и поддршка
Голема благодарност до сите присутни од Ротари клубот Скопје Интернационал, и до нашите пријатели од Ротари клубот Скопје Запад и Ротари клубот Скопје – Кирил и Методиј.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 30.05.2023
Откријте го пред да ве „собори“
2023
Откријте го пред да ве „собори“
Отворен ден на Ротари Клуб Скопје Интернационал
Во рамките на Во рамките на проектот „Ментално здравје“ во хотелот Лимак на 30 мај 2023 година, Ротари клубот Скопје Интернационал беше домаќин на настан на кој со предавање на тема: „Откријте го пред да ве собори“ своја презентација имаше реноминираниот неврологот и научен соработник Д-р Бојан Бошковски и Ана Карајанова Димитрушева, претседателка на Националното здружение за мултиплекс склероза.
Со овој настан Ротари Клуб Скопје Интернационал го одбележа Меѓународниот ден на мултиплекс склероза.
Голема благодарност до сите присутни од Ротари клубот Скопје Интернационал, како и до сите останати од Ротари заедницата кои допринесоа со своето активно учество во дискусијата.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 22.11.2022
Заборавеност или деменција! Каде е границата?
2022
Заборавeност или деменција! Каде е границата?
Отворен ден на Ротари Клуб Скопје Интернационал
Во рамките на проектот „Ментално здравје“ во хотелот Лимак на 22 ноември 2022 година, во рамките на „Денот на отворени врати на Ротари“ нашиот Ротари клубот Скопје Интернационал беше домаќин на настан на кој организираше предавање на тема: „Заборавеност или деменција! Каде е границата?“.
Предавач беше реномираниот неврологот и научен соработник Д-р Бојан Бошковски кој со своето исклучително предавање и презентација детално ни ја пренесе разликата помеѓу деменцијата и заборавеноста.
Голема благодарност до сите присутни од Ротари клубот Скопје Интернационал, како и до сите останати од Ротари заедницата кои допринесоа со своето активно учество во дискусијата.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
онлајн | 02 до 10.2022
„Пандемија во пандемија“
2022
„Пандемија во пандемија“
Отворени разговори за менталното здравје
За да ја подигне свеста за состојбите со менталното здравје, особено по ковид пандемијата, но и да инспирира промена во ставовите кон овие прашања, „Ротари Клуб Скопје Интернационал“, во текот на 2022 година реализираше отворени разговори на тема „Криза на менталното здравје, знаеме ли што ни се случува? Пандемија во пандемија.“
Во тој правец, беа реализирани серија настани со стручни лица од областа на актуелни теми: „Како да препознаете анксиозност? Рефлекторите свртени кон средношколската популација“ „Фобии и стравови – дали се работи за исти состојби? “, „Депресија и анксиозност, знаеме ли доволно за тоа?“, „Психози, што е тоа?“, „Панични напади – дали умот го владее разумот“ итн. Настаните во стручниот дел беа водени од Ана Попризова, психолог и гешталт терапевт и Василка Димитровска , психолог.
Инаку, повеќе од 450 милиони луѓе во светот страдаат од нарушување на менталното здравје, а околу 20 отсто од децата и адолесцентите имаат ваков тип на проблеми, се вели во извештајот на Светската здравствена организација. Нарушувањето на менталното здравје се зголеми во време на пандемијата предизвикана од Ковид-19 и стана дополнителен ризик-фактор за луѓето, а лицата кои се соочуваат со вакви проблеми понекогаш не се свесни за својата состојба. Темата е сеуште многу актуелна.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Технолошки Форум
Скопје | 27.03.2017
Втор Технолошки Форум
2017
Втор Технолошки Форум
„Моќта на чистата вода“
По повод месецот на водата според Ротари календарот и Меѓународниот ден на водата, ни беше чест да го одржиме Вториот технолошки форум на 23 март 2017 година во хотелот TCC Гранд Плаза во Скопје, во организација на Ротари клубот Скопје Интернационал, огранизиран од нашите почитувани членови Г-дин Мирослав Котевски, Г-дин Атанас Кочов, Г-дин Владимир Крстиќ и Г-дин Игор Новевски, а насловен: „Моќта на чистата вода“.
На форумот учествуваа релевантни експерти на темата со меѓународна и домашна експертиза, меѓу кои: г-дин Џакомо Скарамуци, Суец - Озонија, Швајцарија, проф. д-р Михаил Кочубовски, Институт за јавно здравје на Република Македонија, г-дин Ад Санен, Проект за вода финансиран од ЕУ, г-ѓа Билјана Петровска, ЈП Водовод и канализација „Скопје“, г-дин Мирта Илбер, Министерство за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
CSS i Java S – NE PIPAJ TUKA!!!