Скопје | 17.06.2025
Нов Клубски Претседател
На 17 јуни 2025 година, во присуство на голем број членови на клубот, се одржа официјалната церемонија за примопредавање на функцијата Претседател на Клубот, при што досегашниот претседател, г-дин Иван Ралев, му ја предаде должноста на новоизбраниот Претседател на Клубот за 2025/2026 година, г-дин Игор Новевски. Беше претставен и новиот тим на Бордот: г-ѓа Татјана Поповски Булоски како нов Секретар на клубот и г-дин Божо Лажетиќ како нов Благајник на клубот.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 23.12.2024
Прослава со штитениците на „Доза Среќа“
На 23 декември 2024 година, во Пицерија Амигос беше организирана ротаријанска предновогодишна забава на четери Ротари Клубови и тоа: : РК Скопје Интернационал , РК Камен Мост , РК Скопје и РК Академија. Во духот на ротаријанството беше организирана донаторска акција наменета за штитениците од здружението „ДОЗА СРЕЌА“ кои како специјални гости со своето присуство во голем број ни подарија огромна доза на среќа.
Прекрасни моменти исполнети со среќа , заедничко дружење , размена на подароци и прекрасни желби за дочек на новата 2025 година
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Гостивар | 09.11.2024
Доброволна акција за чистење до патниот превојот Стража
На 09 Ноември 2024 во организација на Сојузот на Ротари Клубовите на Р.Македонија, беше организирано чистење на делница од магистралниот пат Гостивар – премин Стража. Во доброволната акција земаа учество голем број членови од безмалку сите Ротари Клубови од Град Скопје, при што беа собрани преку 150 пластични вреќи различен отпад. Со поддршка на заедницата, комуналните служби, компанијата ПАКОМАК и други, акцијата беше организирана и спроведена успешно.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 11.07.2024
Нов Клубски Претседател
На 11 јули 2024 година, во присуство на голем број членови на клубот, се одржа официјалната церемонија за примопредавање на функцијата претседател на клубот, при што досегашниот претседател, г-дин Александар Стамболиев, му ја предаде улогата на новоназначениот претседател за Ротари 2024/2025 година, г-дин Иван Ралев. Беше претставен и новиот раководен тим: г-ѓа Татјана Николова Маневска како нов секретар на клубот и г-дин Игор Новевски како нов благајник на клубот.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 06.10.2023
Тим билдинг активности
На 6 ноември 2023 година, членовите на нашиот Ротари клуб и нивните семејства поминаа пријатен и инспиративен ден во Јавна соба. Настанот беше исполнет со тимска работа, креативност и одлична храна, бидејќи сите учествуваа во подготовка и споделување вкусен ручек заедно. Денот беше прекрасен потсетник за вредноста на другарството, соработката и едноставната радост од поминувањето време со нашето Ротари семејство.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Битола | 10.06.2023
Дистрикт 1912 Конференција
На 10 јуни 2023 година, во Битолa се одржа Конференција на РОТАРИ ДИСТРИКТ 1912, со ангажирана и динамична агенда. Настанот ги собра пријателите од целото Ротари семејство на нашиот Дистрикт, вклучувајќи ги и членовите на нашиот клуб. Конференцијата се занимаваше со прашања поврзани со Дистриктот под темата „Замислете го Ротари“, со теми и презентации кои го информираа и го збогатија знаењето на сите ротаријанци. Тоа ја разгоре нашата страст и нè инспирираше да продолжиме да ја исполнуваме нашата мисија како ротаријанци.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 22.04.2023
Збратимување со РК Љубљана Интернационал
На 22 Април 2023 година ќе се одржа убав настан за збратимување помеѓу нашиот клуб РК „Скопје Интернационал“ и клубот од Љубљана РК „Љубљана Интернационал“. Два дена прекрасно дружење со пријатели од Словенија, што меѓу другото опфати посета на изложбата „Пејзажно искуство“ во Чифте Амам, прошетка низ старата скопска чаршија, ручек во Винарија Лазар... Почеток на прекрасно пријателство и соработка на заеднички проекти!
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 30.06.2022
10 години Ротари клуб Скопје Интернационал – деценија на пријателство, хуманост и визија
По повод 10-годишнината од основањето, на 30 јуни 2022 година, Ротари клуб Скопје Интернационал организира свечен настан што се одржа во хотел Лимак во Скопје и собра повеќе од 200 ротаријанци од земјата, регионот и пошироко.
Меѓу присутните беа и Н.В. Кејт Мери Бернс, амбасадорка на САД, дистрикт гувернерот Душан Петерковиќ, како и гувернерот-избран Раде Христовски, заедно со претставници на бројни ротари клубови од повеќе земји
Настанот, кој помина во свечена и пријателска атмосфера, беше можност за потсетување на најзначајните постигнувања во изминатата деценија и потврда на посветеноста кон ротаријанската мисија за служба, хуманост и поврзување на заедниците.
Во рамките на свеченоста, актуелната претседателка Ангелка Пеева Лаурениќ го предаде претседателскиот ланец на новоизбраната претседателка Евита Иванова, симболично означувајќи нова ротаријанска година која започнува на 01 јули.
На настанот, во духот на ротаријанската традиција, беа доделени ротаријански значки на поголема група на новоизбрани членови на клубот, со што се потврди континуираниот раст и обновување на ротаријанската заедница.
Во хуманитарниот дух на Ротари, на настанот беа собрани средства наменети за поддршка и развој на ротаријанството во земјата и за реализација на идни општествено корисни проекти.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
Скопје | 01.07.2021
Ребрендирање и нов дом на клубот
Во ротаријанската 2021/2022 година, Ротари клуб Скопје Интернационал спроведе целосно ребрендирање на визуелниот идентитет, со што клубот доби современ и препознатлив изглед усогласен со глобалните стандарди на Ротари. Во истата година, клубот го промени и местото на редовните состаноци, кои отсега се одржуваат во Limak Luxury Hotel – Скопје, каде на 1 јули 2021 година беше откриена ротаријанска информативна плоча како симбол на новиот почеток. За поддршката на ротаријанството и заедничките вредности, менаџментот на Limak беше награден со благодарница на свеченоста по повод 10-годишнината на клубот.
Со овие активности, клубот постави темели за нова ера на раст, партнерства и зајакнување на ротаријанската заедница во Скопје и пошироко.
Исто така беше извршено и примопредавањето на претседателството од Претседателот Г-дин Атанас Кочов на ново избраната Претседателка за Ротаријанската 2021/2022 година Г-ѓа Ангелка Пеева Лауренчиќ како и на останатите членови на бордот.
Еве неколку незаборавни моменти од настанот:
CSS i Java S – NE PIPAJ TUKA!!!